|
Петок 24.06.2011
Bass Infusion |
| Maliot Princ |
| Drash |
| Rim Runner (SRB) |
| Game Over |
Дружината „Актив раста селекторс“ (Гето Руди и Ја Ман) е првиот македонски саунд систем. Тие се значаен дел на нашата реге-сцена. Во нивниот сет вклучуваат реге, рага, ска и денсхол, а имаат соработувано со голем број реге-артисти од нашата држава, најпрвин со Рутбој од Струга, а подоцна со Нелетроник, Лајон Џуниор и Ајри Скреч. Од оваа година во нивната дружина се појавува и Суканакаман како тоустер.
Прочитајте повеќе на порталот Mnogoo.
Од денеска почнуваме да ја претставуваме и македонската реге-сцена што ќе настапува на првиот реге-фестивал на наша почва, „Биг ап Скопје“. Прв го презентираме единствениот бенд што ќе се појави на Градската плажа, крај Камени мост – „Конкеринг Лајон“ (Conquering Lion). Тие ќе го земат своето учество на третиот ден од фестивалот, во недела.
„Конкеринг Лајон“ е даб/реге/хардкор бенд од Тетово, што своето творештво го почнува во април 2007 година. Во октомври 2009 година „Конкеринг Лајон“ го издаваат својот прв албум едноставно насловен како „I“ за „ПМГ рекордингс“, на којшто можат да се слушнат десет песни, меѓу кои и соработката со јамајчанскиот артист Џа Кларити (Jah Clarity) на песната „Џа лав“ (Jah Love).
Прочитајте повеќе на порталот Mnogoo.
Радомир Којиќ, алијас Рим Ранер, e диџеј/продуцент од Србија, кој промовира даб, рутс реге, денсхол, џангл, драменбејс, трип-хоп, дапстеп. Рим Ранер се занимава со музика од 2004 година, кога заедно со Гаги Селекта го формираат саунд системот „Дред агејнст Вавилон“ (Dread Against Babylon). По една година соработка, Гаги Селекта го напушта саунд системот, додека Рим Ранер продолжува да функционира под „Дред агејнст Вавилон“, име што го носи неговата етикета. Рим Ранер соработува со многу други диџеи и саунд системи, меѓу кои „Кинг Калипсо“ од Лазаревац, Ем-Си Бо-Џа, Дада Селекта, „Вадада“ и Каџа од Белград, нам добропознатите „Тренчтаун рокерс“ од Панчево и Арџи од Обреновац. Рим Ранер соработува и со саксофонистката Исидора Крстиќ, со која има настапи во живо.
Прочитајте повеќе на порталот Mnogoo.
Се
лекторот Кантримен ја почна својата диџејска кариера во 2004 година и оттогаш стана витален дел од словенечката реге-сцена. Името Кантримен доаѓа од фактот дека реге-сцената во Словенија е централизирана (околу главниот град Љубљана), а како студен кој доаѓа во главниот град од планините на југот – источна Словенија, името Кантримен го симболизира духот на тој предел и на таа култура.
Прочитајте повеќе на порталот Mnogoo.